Американската република падна, фашизмот може да почне

од Vladimir Zorba

 

 

Електоратот одлучи да живее во светот на Трамп. zx450y250_2861485
Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е пораз на републиката и победа на авторитаризмот, расизмот и мизогинијата. На 20 јануари во 2017 година ќе се простиме од претседател кој беше чесен, достоинствен и широкограден и ќе сведочиме на инаугурација на измамник кој го поддржуваат ксенофоби и белите супремацисти, пишува Дејвид Ремник, уредник на Њу Јоркер.

Последиците од ова ќе бидат уназаден Врховен суд, зајакнат десниот Конгрес – претседател на кого не му е гајле за жените ни најмалку. Трамп не само што ќе ги урне пазарите, туку ќе всади страв кај луѓето, посебно кај „другите” луѓе, кои толку многу ги навредуваше. Овие избори и годините што ќе следат се тест на нашата сериозност и одлучност.

Трамп цело време делуваше како карикатура на се што не е добро со десницата. Неговата победа земјата ќе ја фрли во период на несигурност. Одлуката на електоратот да го поддржи Трамп и да живее во неговиот свет на егоизам, омраза, ароганција и лаги ќе доведе до пад на нацијата на сите полиња.

Орвелово предупредување

Коментаторите во наредните денови ќе се обидат ова да го ублажат. Ќе ги смируваат тензиите и ќе го намалуваат значењето на прикажаниот национализам. „Ако доволно луѓе се заинтересирани за слобода на говорот, тогаш ќе има слобода на говорот, ако јавното мислење е бавно, малцинствата ќе се прогонуваат” – напишал Џорџ Орвел во еден есеј.

Многу гласачи го поддржаа Трамп кој на себе ја презема улогата на нивен портпарол и беше повеќе од подготвен да ги изразува нивните забелешки, нивната несигурност и нивниот гнев. Демократските електори ја потценија реалноста. Мислеа дека со црномурестиот претседател ги завршија културолошките војни. Кога Трамп го критикуваа за сите расистички и мизогени ставови, тој тоа го отфрли како политичка коректност. За сигурно таква фигура може да успее меѓу некои гласачи, но веројатно не може да победи? Breitbard News веројатно не може на милиони луѓе да стане главен извор на вести?
Отфрлувањето на Трамп од страна на традиционалните Републиканци се чинеше дека само му ја зголемува поддршката.

Платформа на забелешки

Коментаторите ќе ја занемарат и неспособноста на ФБИ, руската тајна служба, преносите на митинзите на Трамп на кабловските телевизии, итн. Либералите ќе се прогласат за одвоени од реалноста. Трамп не е избран на платформа на чесност, умереност, компромис. Избран е на платформа на замерки. Не можеме да си дозволиме фашизмот да ни биде иднина, но ова е сигурно начин на кој фашизмот може да почне.

Хилари Клинтон имаше свои недостатоци, но како лидер таа е интелигентна и способна. По сите лажни скандали кои и се припишуваа, помалку и се верува отколку на Трамп, измамник кој е алчен, лажлив и нетрпелив.

Во текот на претседавањето на Обама го игнориравме расизмот на интернет. Сега, лицата со таква реторика имаат поширока публика. Тоа беше еден од факторите кои доведоа до пад на Хилари Клинтон, константни лаги, пропаганда и теории на заговори.

Вчера ми се јави пријател, загрижен околу судирите и можна војна. Зошто да не ја напуштиме земјата? Но, очајот не е одговор. Ни преостанува да се бориме против авторитаризмот, да ги откриваме лагите и да се бориме за американските идеали. Тоа е единствено што ни преостанува, заклучува Ремник за Њу Јоркер.

Њујоркер – Њујорк

Слични содржини