Апелација утре на јавна седница ќе расправа за притворот на Сеад Кочан- тој и натаму се крие !

од Vladimir Zorba

Утре ќе се одржи јавна седница по жалбата на одбраната за решението за притвор за Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, информираат од Апелациониот суд за Телевизија 24.

Од Апелација објаснуваат дека седницата ќе биде јавна на барање на една од странките.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 му одреди притвор на Кочан за случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство. По него е распишана меѓународна потерница, но полицијата  не успеа да го пронајде и да го приведе. Неговите адвокати тврдат дека е на службен пат , но не рпецизираат каде , посочувајќи дека за нив темата е дали се бара закосни притвор, а не што тој избегал.

Локално потсетува дека и покрај тоа што има ѓалба до Алелациониот суд , жалбата на адвокатскиот тим на Кочан не го одложува извршувањето на одлуката на Кривичниот суд, и според таа одлука тој треба да биде во пртивор, а потоа да течат процедурите за жалба.

Слични содржини