Астронаутот на НАСА потполковник Елисон Онизука: Видов мртви вонземјани со мали тела во Зона 51

од desk2

Астронаут од НАСА видел видео кадри со тела на мртви вонземјани, кога му покажале филм за наводната катастрофа на НЛО крај базата во Росвел, Њу Мексико, пренесе “Дејли експрес”.

Покојниот потполковник Елисон Онизука, кој загина во 1986 година во експлозијата на шатлот “Челенџер”, му раскажал за тоа на својот колега Кларк Макклеланд.

Макклеланд, кој работел во НАСА на програмата за вселенските шатлови, ја откри содржината на нивниот разговор во статија под наслов “откритие за вонземјани од еден астронаут”.

Митот за Росвел е во центарот на приказните за НЛО, откако во јули 1947 година американските воени лица сензационално објавија во соопштение за печат дека нашле остатоците од урната летачката чинија во блиската пустина.

Но следниот ден пораката беше демантирана, како што всушност се истакна дека тоа бил метеоролошки балон на воздухопловните сили (ВВС) на САД.

Подоцна сепак очевидци изјавија дека во “урнатиот апарат” имало тела на вонземјани кои заедно со остатоците од бродот биле однесени во мистериозната Зона 51 во државата Невада. Теории на заговор ги подржуваат овие настани и до денеска.

Макклеланд вели дека дознал за чудната приказна, кога разговарал со Онизука за поминатото од нив време во НАСА за време на рутинска мисија за подготовка на лет.

Тој бил изненаден кога астронаутот го прашал што мисли за разумните форми на вонземски живот.
“Онизука имал изненадувачка доживување заедно со други инженери и пилоти од ВВС на САД, додека ги обучвале во авиобазата” Макклелан “осум или девет години, пред да биде примен за астронаут – раскажува Макклеланд.
– Заедно со целата група која била во основа за специјализирана обука, ги одвеле во киносала.

Додека седевме светлата во салата се изгаснаа и почнале да прожектираат филм без вообичаен вовед од офицер од ВВС “. Како што истакнува Макклеланд, Онизука опишал како бил збунет кога го видел филмот”. Била прикажана некаква сала за медицински прегледи во која на маса лежеле мали тела”.

– Тој дополнил:” Малите чудни суштества беа хуманоидни по форма и изгледаа слични на оние кои беа опишани од наводните очевидци од добро познатиот регион на Росвел во југозападниот дел на САД во 1947 година

Сите тие имаа големи глави, големи очи, долги раце и нозе. Не изгледаше дека се од земно потекло “.

Како што Онизука му рекол на Макклеланд откако завршил филмот, групата се вратила кон исполнувањето на обврските, без да имаат никаква можност да разговараат за она што се случило. Астронаутот претпоставил дека тоа може да било тест за да се види како ќе реагираат. Макклеланд дополнил: “Веројатно тоа бил планиран психолошки тест на ВВС со воени цели. НАСА може да го цени тоа кога ме избра за астронаут во 1978 година.

Знаете, каква би била мојата реакција, ако навистина видам туѓо суштество? “Двајцата се договориле да се видат повторно, за да разговараат за ова прашање, но на 8 јануари 1986 година Онизука и шестмина други астронаути загинаа во несреќата со вселенскиот шатл.

Слични содржини