Атмосферата во Охрид како во главната туристичка сезона

од Vladimir Zorba

Продолжениот четиридневен празничен викенд за Велигден, го наполни Охрид, кој оддава слика како да сме сред главната туристичка сезона. Најбројни се домашните гости, но насекаде се присутни и странците.

Покрај од Скопје, гости има и од Битола, Прилеп, Тетово и други македонски градови. Традиционално, голем број дојдоа од регионот. Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, но имама и од подалечните земји, како што се Холандија, Данска, Израел и Полска.

Задоволство од посетеноста, покрај хотелиерите и малите издавачи на станови, искажа и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

– Се надевам дека и времето ќе не послужи и не очекуваат убави пролетни денови за празниците и дека Охрид овие дена ќе биде полн со гости и туристи. На оние кои се уште се мислат каде да одат за празниците, им упатувам срдечна покана да дојдат во Охрид и на традиционален начин и со почитување на сите религиозни обичаи да го прослават Велигден – препорачува Бакрачески.

Гостите почнаа да пристигнуваат уште од петокот попладне, но сепак најголемата фреквенција беше во текот на вчерашниот ден.

Покрај петокот, неработен ден, е понеделник, втор ден Велигден, така што се очекува навалица од гости, кои овде ќе минат еден продолжен четиридневен викенд, или мал одмор./МЕТА

Слични содржини