По затворањето на “Балканскиот пат” властите во Австрија се подготвуваат за пренасочувањето на бегалската бран и воведуваат построги гранична контрола на границата со Унгарија.

4708450Австриската полицијаја  зголеми контролата на возилата кои доаѓаат од унгарска територија. За таа цел едната лента на границата е затворена и така движењето се забавува и во проверката на  сите автомобили. Посебно внимание се посветува на “сомнителните автомобили и на оние кои имаат повеќе патници”. Овие автомобили се заоираат  и се подложуваат на детална проверка. Граничниот премин Никелсдорф беше главното место каде минатата година поминаа десетици илјади мигранти пред унгарската држава да ја укине ограда на границата со Србија. Во овој премин пристигнаа најмногу мигранти и бегалци од Унгарија во Австрија. Во изминатите неколку дена австриските министри постојано предупредуваат дека бегалците ќе се обидат да влезат на нејзина територија во овој премин, откако беше затворен “Балканскиот пат”. Властите во Виена очекуваат шверцерите на луѓе да го користат Никелсдорф за влез во Австрија. Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил предупреди дека армијата и полицијата ќе го зголемат обезбедувањето и контролата на унгарската граница.

Локално.мк  потсетува дека во почетокот на оваа недела Унгарија воведе вонредна состојба на територијата на целата земја со цел да гја  неутрализира нелегалната миграција и шверцерите на луѓе. / Танјуг

Слични содржини