(Живо) Борисов и Заев го потпишаа Договорот за добрососедство

од desk2

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев, денеска, нешто пред 14 часот, во Владата на Република Македонија го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Владата на република Македонија се реши да води политика на решенија, а не на проблеми, рече Заев во ображањето по потпишувањето на договорот.

Според него, Договорот овозможува полесна соработка на економски и политички план, ќе ја зголеми размената на стоки, услуги и капитал и ќе оовозмоќи царински олеснувања за граѓаните.

Ова е порака, до ЕУ и НАТО, дека двете змеји водат политики кои градат мостови, смета Заев.

Од денеска, Република Бугарија е уште поголем пријател на Македонија, а народот има право да биде горд поради овој чекор кој го направија двете држави, смета Заев.

Борисов порача дека можеше и да не се потпише таков Договор, но ја поздрави работата на Заев и на министрите во владата, кои доведоа до Договор, со според него, „толку убаво име“, добрососедски.

Бугарскиот премиер порача дека ова, можеби е прв пат, две држави да потпишат толку важен договор, без посредници, затоа што добрососедството и соработката е поважна од се.

ЗАЕВ И БОРИСОВ ГО ПОТПИШУВААТ ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРО…

ЗАЕВ И БОРИСОВ ГО ПОТПИШУВААТ ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА

Публикувахте от A1on.mk в Вторник, 1 август 2017 г.

Слични содржини