Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за старателството над децата, пишува TMZ.4bceff897f2e27894807e0a2571719a6

Џоли добива до 30 октомври право над шесте деца. Пит може да ги посетува во присуство на лекар. Покрај тоа, актерот е должен да прави тест за употреба на дрога и алкохол.

Пит бил обврзан и да оди на консултации со психолог во почетокот индивидуално, а подоцна со специјалист по семејна терапија со сите деца.

Според податоците на весникот, договорот е склучен за три недели, по што ќе може да се направат нови услови или да се поднесе тужба во судот.

На 19 септември Анџелина Џоли поднесе документи за развод со Бред Пит. Таа ја објаснила својата одлука со огромна контроверзност и со несложување со начинот на кој нејзиниот сопруг се однесува со децата.

На 22 септември беше соопштено дека Пит е под истрага по обвинение за суров третман со своите деца. Инцидентот се случил порано на палубата на приватен авион, каде ѕвездата наводно го удрила 15-годишниот син Медокс и била под дејство на алкохол.

На 29 септември актерот доброволно дозволи да му се направи тест за алкохол и дрога, за да докаже дека нема што да крие во врска со овие обвинувања. Според податоците на TNZ, резултатите од тестот биле негативни.

Американскиот актер Бред Пит и Анџелина Џоли живееја заедно 10 години. Тие се венчаа на 23 август 2014 година и имаат шест деца.