Бред Пит се соедини со неговите деца за прв пат по шокантната разделба од Анџелина Џоли

од desk2

Тој живее одвоено од неговите деца откако неговата отуѓена жена Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 19-ти септември. Но Бред Пит бил во можност да се види со неговите деца, за прв пат по непријатната разделба, пренесува списанието “People”.391d552200000578-0-image-a-1_1475784555066

52-годишниот актер и неговата 41-годишна жена, постигнаа привремен договор во врска со старателството врз нивните деца откако тој беше обвинет за вербално и физичко злоупотребување врз нивниот син Медокс, за време на приватен лет.

“Бред ги сака своите деца повеќе од се на светот и тие му значат повеќе од било што на него. Тој ќе направи се што е потребно за да биде со нив, сега и секогаш” изјавува извор за “People”.brad-pitt-children

Пит се согласил на доброволен план, препорачан од Одделот за деца и семејни служби, во кој се вклучени надгледувани посети со неговите деца, терапија и тестови за дрога и алкохол.38edf43f00000578-0-image-a-5_1475784950294

Според условите на договорот, најверојатно, бил присутен и терапевт за време на посетата на неговите деца. Привремениот аранжман за старателство истекува на 20-ти октомври што значи дека тие повторно треба да преговараат. Анџелина Џоли бара целосно старателство додека пак Бред Пит сака заедничко.

Слични содржини