Бум од барања за бугарско државјанство! Поднесени 16 000 апликации за 9 месеци…

од desk3

Регистриран е бум на кандидати за бугарско државјанство. Само оваа година над 16 илјади странци аплицирале за бугарски пасоши.

Како што информираат  од Министерството за правда на Бугарија,  отвориле дополнителни шалтери, а службениците работат без пауза за ручек.

bugarski-pasos2
За да се добие пасош, не е задолжително да знае бугарскиот јазик . Прашањата во интервјуто за бугарско државјанство се чуваат во тајност. Некои од кандидатите, сепак се неподготвени.

“Некои незнаат што да одговорат. По стариот училишен метод седат на масата, гледаат во телефонот “, вели Александар Ланчев кој врши интервјуа.

Кандидати-Бугари има од сите краеви на светот, вклучувајќи Нов Зеланд и Австралија.
Најмногу од кандидатите за бугарско државјанство се од Македонија, Србија, Турција, Молдавија и Русија. Повеќето не остануваат во Бугарија, туку уживаат пасош како виза за ЕУ.

Слични содржини