Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија дека чоколадцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни.

300x200_113297

Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот, стои во соопштението.

Во меѓувреме во цела Европа се повлекуваат сите производи на оваа компанија поради пронајдена пластика во еден просизвод, и истата е прогласена за небезбедна.

Слични содржини