Грција ги отфрли контрмеркитеа на доверителите од ЕУ и ММФ, претставени во одговор на последниот план за реформи на Атина, соопшти “Франс прес”, повикувајќи се на извор од владата на Грција.
Се смета дека новите планови на ЕУ и ММФ содржат поголеми зголемувања на ДДВ и огромни кратења во јавните расходи во споредба со предложените од страна на Владата на “Сириза”. Според “Волстрит џурнал” главно три се големите разлики во ставовите меѓу двете преговарачки страни.
На прво место, не се прифаќа од кредиотрите предложеното оданочување на фирмите, како и пензискиот систем. Третиот пункт е поврзан со големината на ДДВ. Грција предложила да оданочува компаниите во земјата со 29% и да собира дополнителен данок од оние кои имаат профит од над 500 милиони евра во износ од 12%. Атина не понудила на бараното од ММФ враќање на ДДВ за грчките острови, каде се концентрирани голем дел од туристичките капацитети, вклучувајќи хотели и ресторани.