Данев: Собранието ќе биде трето во регионот каде седниците ќе се водат и на албански јазик

од Vladimir Zorba

„Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик,“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на прес-конференција.

Тој додаде дека „Зоран Заев сопствениот народ го навредувал и понижувал само за да се обиде да го избере Талат Џафери за нелегален претседател на Собранието.“

„Охридскиот рамковен договор предвидува пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат повеќе од 20 проценти од населението, бидејќи тоа е индивидуално право. Но, кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот,“ додаде Данев.

Слични содржини