Денеска Врховниот суд ќе му пресуди на СЈО- притвор или не!

од Vladimir Zorba

 Врховниот суд денеска  до 13 часот мора да ја објави одлуката по трите жалби на екс функционерите во УБК Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски.Тие го исцедија до минута рокот за да не соопштат дали останува притворот кој го одлучи Апелација.

 

Образложениеот  е дека Врховните судии констатирале процесни грешки  во обемната документација за притворите на екс функционерите од УБК.

 За што станува збор нема детали , а  пречките брзо  би биле отстранети велат од Врховен. Но, одлука  сепак до денеска нема . Судиите  ги искористија докрај  и последните минути од законскиот рок од 48 часа и денеска  ќе ја соопштат одлуката о дали Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски одат во притвор или ќе се бранат од слобода.
„Седницата на советот ќе продолжи со работа и во текот на денечниот  ден и за донесената одлука на советот, јавноста ќе биде информирана на ден 26.07.2017 година.“ – пишува во кусото соопштение на судот.
Всушност блокадата или слободата на поранешните функционери од УБК е во раце на петчлениот Совет од Врховен, во кој одлучува и претседателот Јово Вангеловски.
СЈО очекува дека обвинетите ќе бидат во притвор додека тече судскиот процес. Тие ја бараат најстрогата мерка за поранешниот шеф на Петтата управа бидејќи не се појавил на распит во СЈО, влијаел на сведоци, за што доказ е тефтерот во кој имало насоки кој сведок што да каже во СЈО и  детално е опишано кој сведок кога давал исказ пред обвинителите на Катица Јанева.
Обвинетите во Таргет и Тврдина кривично се гонети за  прислушувањето, но и за уништување на доказите дека некој ја прислушувал целата држава.
Иако Апелација уште пред една недела одлучи да бидат спроведени во притвор, тие се уште се на слобода. Рокот истекува денеска  до 13 часот.
 Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд пред истекот на законскиот рок поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против 94 луѓе и седум правни лица. Притвор бараше за 18 обвинети, меѓу кои и за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков,поранешните генерални секретари на владата Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, потоа за Јанакиески, Јанкулоска како и за Канческа-Милевска, за поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, градоначалникот на Гази Баба,Тони Трајковски, главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас, како и за други лица. За 47 обвинети, пак, бараше мерки за претпазливост. Актуленото судството со сета жестина се обидува да ги одоговлекува процесите, да ги опструира обвинувњата, од што се наметнува впечаток дека всушност му се суди на СЈО и негоивте обвиненија  а не на криминаците за кои се донесоа докази со кутии и комбиња.

 

Слични содржини