Џери Луис почина на 91 година

од Vladimir Zorba

Во неделата на 91-годишна возраст почина американската легенда Џери Луис. Списанието “Варајати” (Variety) го цитираше неговиот агент, според кој Луис починал во својот дом во Лас Вегас.

„Комплексен актер, неуморен творец на визуелни комични гегови“, потсетува американското списание.

Џери Луис е американски комичар, актер, продуцент, режисер и пејач. Роден е во 1926 година. Стана познат со комични скечови, кои ги изведува на сцена, радио или на екраните на телевизија или во киното.

Слични содржини