Премиерот Емил Димитриев по состанокот со членовите на Државната изборна комисија излезе со впечаток дека Комисијата е подготвена да се зафати со сложената операција на прочистување на Избирачкиот список.

Emil-Dimitrov-2
– Тие се на размислување, под претпоставка да се договори методологијата за која преговараат партиите, тие се подготвени, веќе имаат сериозни подготовки, за оперативно ставање во функција на методологијата, рече Димитриев.
Премиерот рече дека е задоволен од разговорите во ДИК на кои станало збор за прашања поврзани со Комисијата и организацијата на изборите, кои во форма на заклучоци ќе се најдат на следната владина сединца. На новинарско прашање, Димитриев не сакаше да коментира дали за него е прифатлив предлогот на медијаторот Питер Ванхауте, поддржан од СДСМ за реформи на медиумите. Засега, рече, добро е тие прашања да останат во рамките на преговарачите на партиите.
За тоа дали е во сенка на претходникот Груевски, Димитрив одговори:
„Не се согласувам дека не сум присутен во јавноста, моја задача како премиер за организирање на избори ја гледам во комуникација со органите за организирање на избори и имам силна комуникација и темпо, тоа е и мојата главна улога како претседател на Владата – за организирање на изборите.“
Средби со Груевски имам во функција на генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а во рамките на партиски активности, додаде Димитриев.

Слични содржини