ДУИ дава гаранција на СДСМ за избор на претседател на Собранието

од Vladimir Zorba

Според информации на Локално.мк многу веројатно е  целата игранка и деблокада на институциите да биде по првомајските празници.

 

Алсат-М јавува дека Зоран Заев добил гаранција од Али Ахмети за поддршка на избор на нов претседател на Собранието.

Лидерите на СДСМ и ДУИ се сретнале вчера но не сакаа да дадат изјави. Тие имаат стратегија која не ја откриваат.  Двете партии најавуваат дека ќе делуваат координирано, а решение може да се очекува во секој момент.

„Секоја средба која ги носи процесите напред, според мое мислење е вредна и треба да даде свој придонес.  ДУИ со одлуката да го поддржи и да биде дел од парламентарното мнозинство, многу јасно даде до знаење дека ќе ги поддржи и ќе застане зад иницијативите кои подразбираат избор на претседателот на Парламентот и на мнозинска влада. Тоа е многу сложена ситуација и нормално е трпението на луѓето да е при крај, но очекувам настаните во земјата да бидат такви и ова што побрзо да заврши“, изјави за Алсат-М Теута Арифи     

Деветнаесетто продолжение на конститутивната собраниска седница

ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека не се откажува од отпорот кон секоја иницијатива и најавуваат дека СДСМ и албанските партии ќе се соочат со револтот на граѓаните.  Лидерот на оваа партија, вели дека народот е измамен со Тиранската платформа.

Според информации на Локално.мк многу веројатно е  целата игранка и деблокада на институциите да биде по првомајските празници.

Слични содржини