ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ да не бидат емотивни, реформи во судството се неопходни

од Vladimir Zorba

Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот Договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор, велат од ДУИ по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат.

Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.

Од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската унија за интеграција инсистираше на транспаренто затварање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање на одговорност.

ДУИ останува посветена за едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални а не емотивно поттикнати проценки“, стои во соопштението на ДУИ.

Слични содржини