Две малолетни деца, на возраст од три и четири години се првите жртви на грипот. Едното е од Кичево, другото од Гостивар. Починале од воспаление на мозокот, компликација која настанала како последица на вирусот. На Клиниката за детски болести биле донесени во тешка здравствена состојба како итни пациенти, два дена пред Нова Година. Едното починало по тешка 24-часовна битка, а другото по пет дена откако било хоспитализрано.
„Оваа година имавме повеќе деца со енцефалит, за жал две од нив починаа. Штом е дијагнозтицирана болеста, веднаш се испратени ан Интензивна нега и направено е се`што треба од давање на тамифлу, симптоматска терапија…,но за жал, таа борба не секогаш ја добиваме“, изјави д-р Филип Дума, Клиника за детски болести
повеќе тука