ЕХФ го отпиша Лазаров, РФМ демантира: Уште ништо не се знае!

од desk2

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) по натпреварот против Шпанија веќе го отпиша Кирил Лазаров до крајот на Европското првенство (ЕП) во Хрватска, но од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) велат дека уште ништо не се знае и дека состојбата на репрезентативецот ќе биде позната во наредниот период.

Нашиот најдобар ракометар при еден доскок се здоби со повреда на задната ложа, по што ЕХФ на социјалните мрежи напиша дека тој е надвор од составот на Македонија до крајот на ЕП. Но, од РФМ велат дека уште ништо не е дефитивно.

„Не знаеме од каде ЕХФ го дозна тоа и зошто го објавуваат. Лазаров е на прегледи во Загреб и ние сè уште немаме дефинитивна информација за неговата состојба. Сè ќе биде познато наскоро“, вели Иван Ивановиќ, прес-офицерот на РФМ.

Македонија е во исчекување на информациите за Кирил Лазаров, затоа што без него репрезентацијата има комплетно нов лик. Капитенот веќе соопшти дека останува во Загреб и дека врз него ќе бидат направени додатни лекарски прегледи, за да се утврди точната тежина на повредата.

Поради незгодниот доскок и повредата на задната ложа, Лазаров нема да тренира вечерва од 19.30 часот во „Вараждин Арена“./gol

Слични содржини