Епископ Тихон: Статусот на МПЦ -оваа рана на целото православие треба да биде излекувана

од desk3

 

Македонската православна црква има што да му покаже на православниот свет, за што да му сведочи, истакна епископот Јегоревски, г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил, на денешната промоција на македонското издание на неговата книга „Несвети, а свети“.

5

Вашата црква, нагласи, има што да им даде луѓето, ќе им даде многу богатство, особена душа и особена љубов.

– Секако не треба да биде замолчен овој апсурден, многу сензитивен момент, мислам за статус квото во прашањето за Македонската православна црква. Тоа треба да биде заедничка болка на целиот православен свет. Многу разговаравме за тоа со неговото блаженство, со претседателот, со претставници на МПЦ и сите сме длабоко убедени дека оваа рана на целото православие треба да биде излекувана. Патријархот Кирил и неговиот најблизок помошник, овие денови митрополитот Иларион ми се јави и ме замоли да ви пренесам дека Руската православна никогаш не отстапи од напорите да ја излечи таа болест, рече епископот Тихон.

Православните во Русија и во многу други земји, додаде епископот Тихон, со огромен интерес ќе дознаат за вашата земја, за македонскиот народ и за Македонската православна црква./MИА

Слични содржини