Американското Федерално биро за истраги во соработка со агенции од  уште 19 земји го затворија интернет порталот Даркоуд (Darkode), кој е еден од главните форуми на хакери за продажба и купување на штетни  софтвери и бази на податоци, пренесоа светските агенции.

20150715.bdqfupolwq

“Даркоуд е една од најсериозните закани за податоците зачувани на компјутери во САД и во светот.Тој беше најголемиот и најстариот професионален , од англиското говорно подрачје форум за компјутерските криминалци од целиот свет “, соопшти Министерството за правда на САД. Обвинителот Дејвид Хиктн соопшти дека се уапсени 12 лица во Пенсилванија, а ги бара вкупно околу 70 луѓе во САД и уште 19 земји. Сајтот имал околу 300 активни корисници. Тој бил затворен вчера, кога и беа покренати обвиненија на компјутерските криминалци и се уапсени дел од нив. Во овој интернет портал хакерите  продавале пробиени  бази на податоци кои содржат милиони адреси на електронски пошти и лозинки, како и други лични информации на корисниците од целиот свет. Пристап до овој форум се добивал само со покана од веќе регистрирани во него хакери. Уапсените или најбарани кај оваа операција лица живеат во САД, Велика Британија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бразил, Канада, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Германија, Израел, Латвија, Македонија, Нигерија, Романија, Србија и Шведска. Спроведување на законот на овие земји биле вклучени во операцијата за разбивање на овој  хакерски интернет портал.

Слични содржини