Откако ја претстави иновацијата Apple Watch, нов 12.9 инчен таблет и сè ново кај Apple TV, на крајот на големиот настан во Graham Civic Auditorium во Сан Франциско, Apple го претстави новиот iPhone 6s, чиј екран е во состојба да разликува колку силно се притиска, и кој е во состојба да ги натера статичните фотографии да се движат.2110880242

Двата нови модели паметни телефони на компанијата ги носат имињата iPhone 6S (4.7-инчен екран) и iPhone 6S Plus (5.5-инчен екран) и ќе се нудат со ново алуминиумско куќиште во сребрена, златна, космичко-сива и розова-сребрена боја.

Новите телефони се опремени со две нови придобивки: 3D чувствителен на притисок екран и подобрена камера, која е во состојба да снима со резолуција од 12 мега пиксели.68f2b016-1f8b-45aa-bdc3-586e2a8b7a31-shi16

3D-екранот користи технологија која е во состојба да реагира на силата на притисокот, со што им овозможува на корисниците да побараат дополнителни информации со притискање -посилно.

Новите телефони ќе имаат нов TouchID сензор кој е два пати побрз и ќе располагаат со 12 мегапиксели iSight камера, какви што беа и очекувањата.

 

iPhone 6s располага со предна и задна камера, но и двете се подобрени. Предната може да снима  фотографии до 5 мега пиксели и има блиц за фотографирање во темница – која го осветлува екранот со три пати поголема осветленост од нормално, за да дејствува како нормален блиц.64db837c-7c18-4d83-ac2b-16e9c4f2d565-shi20

Моделите ќе користат чип A9. Тој е за 70% побрз во однос на обработката на информациите и до 90% побрз од претходниот чип во однос на графиконот.

Цената на новиот iPhone 6S ќе биде помеѓу 199 долари (16 GB) и 399 долари (128 GB) со 2-годишен договор со оператор, додека кај iPhone 6S Plus цените почнуваат од 299 долари (16 GB) и достигнуваат до 499 долари (128 GB).

Прелиминарните договори за новите смартфони почнуваат на 12 септември, a продажбата на 16 септември. Уредите ќе бидат достапни во многу земји до 25 септември. Новиот оперативен систем iOS 9 пак ќе биде достапен за останатите уреди на 16 септември.

 

Слични содржини