(ФОТО) И поранешниот министер за култура дојде во СЈО, тема Скопје 2014?!

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили од ДПА, претходникот на Елизабета Канческа- Милевска, денеска дојде на распит во СЈО. Во негово време беа удрени темелите на проектот „Скопје 2014“, објави СДК.МК.

aRIHFIKMET-DHEMAILI

Од СЈО не откриваат зошто баш Џемаили се појавил на распит кај нив. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште минатиот понеделник соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во СЈО, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

 „Заради тајноста на предистражната постапка не смееме да откриваме детали ни кого сме викнале ни зошто сме викнале“, изјавија од СЈО.

Џемаили беше министер за култура во коалиционата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, од 12 април 2007 до 26 јули 2008. Претходно беше проректор за настава на Државниот универзитет во Тетово. Канческа- Милевска, која го наследи на функцијата, во неговиот мандат беше државна секретарка за култура. Во 2011 беше противкандидат на Тачи за лидер на ДПА./извор СДК.МК

Слични содржини