Претседателот е прикажан како херој од класичен холивудски филм.

Во центарот на руската престолнина Москва, на Садовое колцое се појави постер на кој се прикажува рускиот претседател Владимир Путин, со јасно навестување за “панамски документи”, соопшти tvrain.ru, кој се повикува на поставена слика на социјална мрежа од страна на новинарот Олег Кашин.

20160406.zcseyafltx
Постерот е поставен на станица на градскиот транспорт, а Путин е прикажан како херој од класичниот филм “Страв и омраза во Лас Вегас”. “Што Панама?”, Гласи натписот.

Како што веќе стана познато во објавената новинарска истрага за офшор компании регистрирани во Панама има список од имиња на луѓе од блиското опкружување на рускиот претседател, а на сметките легнале две милијарди долари. Името на Путин сепак не е споменато никаде.

Слични содржини