(ФОТО) Со голи фотографии, уценуван директорот на кумановска гимназија

од desk2
Фотографии со експлицитна содржина од, наводно, директорот на кумановската гимназија, осамнаа на социјалните мрежи. Првично фотографиите биле објавени на „Фејсбук“, а потоа и на „Твитер“, информира ТВ24. 
Директорот Димитријевиќ, тврди дека непознато лице првично се обидело да изнуди 8.000 евра од него, а откако тој одбил, фотографиите биле објавени.
„Тоа не се мои фотографии, тоа ем ојот лик, а до него поставиле фотографии со непримерна содржина, значи украден е мојот профил и нарушен мојот углед и моето семејство“ – изјави Горан Димитријевиќ, директорот на СОУ „Гоце Делчев“
Случајот го пријавил во полиција, а во меѓувреме, вели, размислувал и на оставка од морални причини.
„Тука имам поддршка од моите, но кога на портал ќе излезе ваква работа и кога некој ќе прочита од друг град, мојот авторитет како спортист е нарушен“ – вели Димитријевиќ.
За сега кумановската полиција не го потврдува случајот, а велат дека не знаат ниту како треба да тече постапката во вакви случаи со обвинувања за интернет криминал. Во меѓувреме Димитријевиќ имал состаноци со градоначалникот на општина куманово под чија надлежност е гимназијата.
Првиот човек на Куманово, во телефонски разговор за телевизија 24 порача полицијата што поскоро да го расветли случајот.
„Ние разговаравме и со директорот и заклучивме да излезе во јавноста и да повика на што побргу разрешување на случајот од страна на МВР и да се открие лицето кое направило упад во неговиот профил на социјалната мрежа и случајот да се заврши. Јас од него немам побарано оставка и ние ќе чекаме случајот да го расветли полицијата.“ – вели Дамјановски.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини