(ГАЛЕРИЈА) Се појавија слики од новиот BMW Z4

од Vladimir Zorba

Три дена пред натпреварот за автомобилска елеганција во Пебл Бич, Калифорнија во САД, каде официјално ќе дебитира, новото BMW Z4 веќе не е тајна. Фотографии на Roadster, развиен заедно со Тојота, беа објавени од Bimmerfile.

Прототипот на следниот Z-Quad изгледа дека е подготвен за сериско производство. Ако биде лишен од некои чисто изложбени атрибути како тркала, разнобоен кожен тапацир, бојата или други детали, возилото сосема спокојно би можел да слегува од транспортрната лента.

Стилистички, концептот Z4 ја продолжува дизајнерската линија на новата осумка. Во нетипичен за BMW стил сепак фаровите се наредени вертикално, што најверојатно била диктираноа од изгледот на технолошкиот близнак Toyota Supra.

На технолошки план улогата на Јапонците во заедничкиот проект се одржа во дизајнот на шасијата, суспензијата и некои компоненти на системот за сопирање.

Моторите и електрониката на идниот Z-Quartet се 100 проценти баварски.

Ако се верува во гласините, моделот нема да има затворена верзија. Условот било Supra да не се нуди како кабриолет, за да не се создава ризик од внатрешна конкуренција.

Производството на новиот Z4 треба да започне на почетокот на 2018 година и да се појави во претставничките канцеларии на BMW на пролет. Roadster ќе биде опремен со четири и шест цилиндричен турбо мотор, заедно со автоматски и механички пренос.

Слични содржини