Федералната печатница во Берлин, која произведува банкноти и лични карти, користела фиктивнљ компанија во Панама, за да прави бизнис со клиенти во Венецуела, јавува неделникот “Шпигел”, пренесува ДПА.

0000298868-article2

Според изданието внатрешен човек од компанијата, кој се сомневал дека се води двојно сметководство, пишувал до Шојбле и до еден од членовите на надзорниот совет – Вернер Гатцер, со барање да биде фрлена светлина врз офшор сметките, но неколку години сигналот му бил игнориран .

Сега сепак името на компанијата се појавува во т. Н. “Панамски документи” и германската влада е под притисок да даде објаснување. Сепак Министерството за финансии одби и денес коментар за изнесеното од “Шпигел”, посочува ДПА.

Изданието пишува дека споменатиот внатрешен човек се поврзал со надзорниот одбор во 2012 и 2013 година, за да сигнализира за случаи на лажни трансакции и даночни измами. Но сигналот му бил игнориран и адвокат на компанијата го предупредил да не бара повеќе контакти со совети. Потоа неколку истраги – и домашни и надворешни, не пронашле докази за нелегални активности.

Според “Шпигел”, сепак по откритието во “панамскит документи” е започната нова истрага на бизнис врските на компанијата со Венецуела.

Слични содржини