Грабежот на Ким Кардашијан бил само симулиран пи-ар потег?

од Vladimir Zorba

Артдиректорот на Chanel, Карл Лагерфелд го критикуваше однесувањето на Ким Кардашијан која беше ограбена за време на модната недела во Париз, соопштува Associated Press.d4827a89dbcc2f4d213530a7d73a7e39

Тој смета дека телевизиската ѕвезда е виновна делумно за несреќата, бидејќи не би требало да го покажува своето богатство.

“Не разбирам зошто таа го оставила во хотелот, каде нема служба за безбедност или заштита. Ако сте славна и ќе прикажете дијамант, треба да изберете такви места каде што можете да го оставите без да се грижите за него. ”

Според неговите зборови “не треба така да се демонстрира богатството, бидејќи на тој начин сигурно ќе се појави некој кој ќе сака да го подели со вас”.

Ден по случајот новинари ја осомничија Ким за симулација на грабежот, а некои од нив дури и го нарекоа PR потег. Тие обратиле внимание на чудната приказна за напад на телевизиската ѕвезда. Дел од претставниците на медиумите не разбираат како Кардашян останала без стража, а камерата за видео надзор не ги фатила криминалците.

Фото: Reuters

Претходно францускиот канал BFMTV објави видео на кое се симулира кражбата на Кардашијан.

Во ноќта на 3 октомври двајца мажи со маски и оружје упаднале во хотелската соба на американската ѕвезда во Париз, по нејзини тврдења.

Според соопштението, маскираните ѝ зеле накит во вредност од над 11 милиони долари и два мобилни телефони. Ким дури раскажала пред полицајците дека се загрижила да не ја силуваат.

Слични содржини