Граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај

од Vladimir Zorba

 ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража.

Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

 

 ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

 

  ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица,  нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

 

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

 НАЈАВА: Денес времето ќе биде претежно облачно со појава на слаба магла по котлините и по речните долини, каде ќе преовладува претежно тивко. На повисоките места и на планините ќе има сончеви периоди а ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во јужните и западните делови на земјава ќе има услови за слаби проврнувања на дожд, а снег на планините. За викендот дневната температурата ќе опадне за неколку степени. Од понеделник пак се очекува опаѓање на утринската а преку денот покачување на дневната температура.

 

Слични содржини