Во Брисел започна самитот на Европската унија, на која лидерите на 28 ќе разговараат  за договорот за долгот на Атина. Независно од недостатокот на конечна одлука, Меѓународниот монетарен фонд инсистираше Грција да плати до 30 јуни придонес од 1 и пол милијарди евра за стари кредити.

grcija45

По состанокот на министрите за финансии од еврозоната, на кое јасно беа исцртани разликите во ставовите на грчката влада и на доверителите, во Атина нема многу простор за оптимизам.

Владини извори очекуваат дека за време на започнување вечерва  на самитот на Европската унија врз премиерот Алексис Ципрас ќе извршат уште поголем притисок да се согласи на компромис.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск сепак предвиде среќен крај на преговорите
Задачата на премиерот Алексис Ципрас е тешка не само во Брисел, но и во Атина, каде приврзаниците на тврдата линија во однос на доверителите не се за занемарување.

“Свесни сме со оваа игра на барање откуп таа е преговарачката тактика на колонизаторите и кога сме цврсти, луѓето се чувствуваат горди  да се соочат  на нозе со тоа “, коментира заменик-министерот за одбрана Костас Исихос.

Министерот за финансии на Австрија, Ханс-Јорг Шелинг има друг пристап: ” Грција отфрли секаков вид компромис. Едноставно е неверојатно како неодговорна грчка влада се однесува кон проблемите на земјата. Постојано  се одлагаат работите во времето и се доаѓа со нови претензии “.

Сите анкети покажуваат дека поддршката за СИРИЗА не се намалува. Колку долго сепак Грција може да се противи на доверителите, откако во јуни, јули и август истекуваат падежите на кредити за милијарди евра.

“Во последните неколку недели трите институции работеа заедно. Излегуваме со заеднички предлог, бевме фокусирани и дисциплинирани. За жал другата страна не е, затоа има уште многу работа да заврши “, рече директорот на ММФ Кристин Лагард.

Затоа и денешното заседание на Еврогрупата не успеа да заврши со решение. Сега евентуалното решение за договор е во рацете на водачите на 28-те., земји За власта  во Грција претстои тежок викенд. Одлуките кои ќе бидат донесени ќе имаат последици за животот на милиони Грци. Најдиректно ќе влијае  на над 500 000 вработени и 480 000 пензионери во државниот сектор, кои во понеделникот очекуваат да добијат плати и пензии.

Слични содржини