Груевски конечно прозборе во судница

од desk2

Обвинетиот експремиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски конечно стана во судницата во Основниот суд Скопје 1 да ги каже личните податоци, со што по многу одложувања почна судењето за насилствата во општина Центар и за шамарите што ги нарачувал за тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.


По него стана Миле Јанакиески, кој не носеше лична карта, а немаше ни пасош, зашто рече, тука му се во судот. Тоа не беше проблем да продолжи процедурата. По него стана обвинетата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и останатите 11-мина обвинети.

Два часа претходно адвокатите се обидуваа да ја оспорат одлуката на Апелацискиот суд Скопје за признавање на „бомбите“ за докази, но безуспешно. Михајлова го почна главното рочиште./СДК

Слични содржини