80
Почна денешната расправа во Кривичниот суд по предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилствата на протестите во Општина Центар во 2013 година. Поранешниот премиер, Никола Груевкси, обвинет од СЈО, денеска за прв пат пристигна на време, откако претходниот пат обвинителката Фатиме Фетаи реагираше за неговото доцнење.
Во судот пристигна и обвинетиот екс министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
Двајца обвинети во овој предмет веќе признаа вина пред судот. Во раздвоена постапка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски, им беше изречена условна казна./извор Фокус