Премиерот Никола Груевски во интервју за пораталот Пресс24 се произнесе за геополитичките игри меѓу Русија и Западот. Јасно стави до знаење дека Македонија била единствено за НАТО и ЕУ. Ви пренесуваме дел од интервјуто:

20600golema
Press24: Во последно време се јави сомнеж за европската и евроатлантската интеграција на Македонија.Дури некои аналитичари отидоа и дотаму дека Владата го сменила својот стратешки курс од ЕУ и НАТО кон Русија.Руски знамиња и маици со Путин имаше на вашиот митинг. Русија отворено говори за поминување на турскиот тек низ Македонија н а кој се противи западот, а Лавров даде дузина изјави за Македонија, обвинувајки ги САД дека стојат зад кумановските настани.Вие не се произјаснивте за ова. Кој е Вашиот коментар за овие случувања?

Груевски: -Не е точно дека не сум се произјаснил. Напротив. Тоа го сторив и на митингот на ВМРО-ДПМНЕ неодамна кога пред 100 илјади граѓани и стотици медиумски преставници од Македонија и светот, многу јасно кажав дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ.Патем речено тоа го имаме демонстрирано и преку бројните наши учества во НАТО и ЕУ мисиите, како што се мисиите во Авганистан, Ирак, БиХ итн.Значи,ниту јас ниту владата немаме дилеми по ова прашање.

За жал блокадата која ја имаме овие 6-7 години за членствотово НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, мислам дека ни направи голема штета на секаков план.

Press24: Одкаде тогаш руски знамиња и маици со Путин на вашиот митинг?

Груевски: Станува збор за работи што ги направиле некои индивидуалци. Ги видов сликите и од она што го забележав станува збор за неколку, можеби 2-3 такви случаи. Но ставот на партијата, и стратешката ориентација на државата не се рефлектира преку тоа каква маица ќе облече некој од 100те илјади граѓани дојдени на митинг, туку преку пораките кои јавно, јасно и недвосмислено ги испрќа од тој настан претседателот на таа партија преку јавен настап и говор. На крајот на краиштата маица или знаме може секој секаде да облече или уфрли.Живееме во демократија и неможеме да им забраниме на луѓето што да облечат или кого да симпатизираат. Сепак, сосема друга работа е стратешката определба.

Повеќе ТУКА

Слични содржини