Храната на привлечноста и еротскиот вкус

од Vladimir Zorba

Еден од “најсексуалните” производи е кокосот. Тој го засилува квалитетот на спермата и сексуалната желба. Истото важи и за кокосовото млеко.6-jpg_0807011

Велат дека истите квалитети ги имаат и урмите, со чија сладост не може да се спореди ниедна јагода или друг плод.

Авокадото е многу хранлив производ, по содржината на протеини може да се спореди со месото. Салата од авокадо дава сила и енергија, ја подобрува и циркулацијата. За зголемување на потенцијата редовно го конзумирал “кралот сонце” на Франција Лудвик XIV. Во денешно време го препорачуваат уролозите.

За една романтична вечер многу погодна е салата од морски производи. Школките, ракчињата, остригите си го заслужиле статусот на афродизијаци поради високата содржина на железо и цинк, а исто така поради полнење на машката потенција.

Јагодите одамна станаа класичен возбудувачки и сензуална елемент за почетокот на љубовната игра. Неслучајно, впрочем, бидејќи тие заедно со чоколадото помагаат за активното производство во организмот на хормонот на среќата – ендорфин.

Впрочем за чоколадото … Ова е прекрасен афродизијак кој добива посебна многузначност кога ќе го принесете во течна и топла состојба. Неслучајно го нудат во секој ресторан со романтична атмосфера. Тоа е самото соблазнувачко, пред кој е тешко да одолее. Прифатено е со него да се нуди шампањско или слатки ликери.

Алкохолот, сепак е премногу потценет афродизијак. Шише шампањ, чаши за вино, романтична музика и меѓу вљубените паѓаат сите инхибиции и дури и гардови. Виното ја намалува напнатоста, ве прави  послободни, отворени, откриени. Само не претерувајте со алкохолот, во спротивно тој ќе ги намали сетилата и чувствата, создавајќи смирувачки и непотребно опуштен ефект.

Слични содржини