Хуманитарна изложба за собирање средства за болни од рак

од desk2

Хуманитарна изложба на дела од повеќе реномирани македонски автори, во спомен на хуманистката Кираца Апостолова, која неодамна почина од рак, ќе биде отворена вечер во галеријата на НЛБ Тутунска Банка во Скопје.

Средствата собрани од продажбата на делата ќе бидат наменети за лекување на болни од рак.

Изложбата по повод 30 години од раѓањето на Кираца Апостолова ја организира нејзиното семејство и анти-канцер Здружението „Животна искра“, со помош од неколку поддржувачи.

Изложбата на 31 август ќе биде заокружена со свечена академија која ќе почне во 20 часот, по што ќе следи настап на повеќе драмски и музички уметници

Слични содржини