Уставниот суд на седницата во среда ќе ја разгледува Иницијативата за оценување на уставноста на одлуките за помилување кои претседателот Иванов ги донесе на 12 април оваа година.

naslovnaHorhe (1)

Иницијативната беше поднесена пред 7 месеци , веднаш по донесувањето на одлуката на Иванов.

По оваа постпка на Иванов следуваа масовни протести на Шарената револуција, а голем дел од граѓаните беа револтирани и гневни. Во периодот кога беше донесена оваа одлука беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето, по што претседателот ја поништи аболицијата.

Иако аболицијата, е целосно поништена, сепак ова прашање е на дневен ред на Уставниот суд.

Слични содржини