“Идризово” е подновено, ги чека првите гости

од desk3

Заврши првата фаза од реконструкцијата на “Идризово” започната пред четири години. Полуотвореното одделение со капацитет од 260 места за осуденци е завршено,  велат неофицијално за дел од медиумите во Министерството за правда. Ќе се опремува и внатрешноста, за што веќе е распишан тендер. Подготвен,  за нови “гости” е и  т.н. отворен дел  од затворот. И тој има капацитет од 260 места. Во него, веќе од август ќе можат  да бидат сместени првите осуденици.Новина е што сега во “Идризово” затворениците со полесни кривични дела ќе можат  да спортуваат. Изградени се терени за кошарка и фудбал. Но на нив ќе играат само оние што направиле полесни кривични дела. Осудениците на повисоки и доживотни казни и понатаму ќе останат во затвореното одделение, каде важат ригорозни правила на однесување.

Со изградбата на новите одделенија затворениците со полесни кривични дела ќе бидат дислоцирани во новиот дел.  И понатаму осудените за тежок криминал ќе бидат сместувани во старата 80 годишна зграда од затворот. Со овие зафати, од август во стариот дел на Идризово ќе останат околу 1.000 затвореници бидејќи илјада ќе бидат префрлени во новите простории.

Реконструкцијата на „Идризово“ ја најави поранешниот премиер Никола Груевски уште во ноември 2013 година.

„Тоа е сериозна инвестиција во која не поддржа Банката за развој при Советот на Европа. Затворот ќе биде многу посовремен, многу помодерен со сите потребни стандарти што ги имаат денешните затвори , рече тогаш Груевски.

Слични содржини