Игор Ангеловски предводникот на Работнички е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Ангеловски на селекторската функција го наследи Љубинко Друловиќ, кој по пет натпревари на кормилото на националниот тим се пресели во белградски Партизан.

igor_angelovski_onlerinde_egiliyorum_h5371_40333

„Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Не стравувам од предизвикот и не се плашам да ја преземам одговорноста, иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите и ќе направиме сé што е во наша можност да го поправиме впечатокот. Имаме фудбалери со силен карактер и заеднички треба да направиме тим во функција на резултатот. Многу добро знам што значи репрезентацијата за сите нас, не само во фудбалот, и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот сé со цел да оствариме подобри резултати“, изјави Игор Ангеловски откако официјално доби доверба да ја предводи репрезентацијата.

 

Ангеловски кој со Работнички пред две сезони ја освои двојната круна, а во минатата сезона стигна до трофејот во Купот на Македонија, дебито ќе го има на 12-ти ноември на натпреварот со Црна Гора.

Слични содржини