Група верници од муслиманска вероисповест, заедно со разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани, утрово влегле  во седиштето на Исламската верска заедница, по што била повикана полиција.
ivz_0

Телевизијата Алсат М јави дека станува збор за 50-тина вооружени луѓе, а поранешниот секретар Африм Тахири, кој веќе е прогласен за Реис.

Инцидентот следува откако истече ултиматумот од 48 часа кој муфтијата Шабани му го определи на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи за да се извини јавно за навредите изречени на манифестацијата за успешно завршената денационализација на имотот на ИВЗ.

Од полицијата информираат дека околу 8:30 кај нив е пријавено само собирање на граѓани пред ИВЗ кои, според нив, се незадоволни од смената на скопскиот муфтија.

Исламската верска заедница моментно е без поглавар, а од раководното тело на ИВЗ нема веќе легитимитет. Од денеска скопскиот муфтија Ибрахим Шабани ќе раководи со ИВЗ се до враќање на мирот и на правото во муслиманската верска заедница во Македонија, јави Плусинфо.

По настанот тие соопштија дека привремено ќе управуваат со ИВЗ. За време на упадот одземени се и печатите на организацијата.

Според информациите во групата се минатата недела разрешениот Скопски муфтија и генералниот секретар на ИВЗ. Реисот Реџепи во средата беше реизбран на седница одржана не во ИВЗ туку во Кондово а тој ги разреши од функциите Скопскиот муфтија и генералниот секретар на исламската заедница.

За сега не се знае каде е довчерашниот реис Сулејман Реџепи. На неговиот фејсбук профил осамна само информација дека тој е некаде и е чуван на сила од вооружени лица.

Скопскиот муфтија  пак на денешната прес конференција истакна дека за брзо време ќе се врати мирот меѓу верниците, а и ќе се ангажира ревизорска компанија која ќе треба да истражи како се трошеле парите на верниците.

Шабани одби да одговори дали утрово навистина имало инцидент ,  пред ИВЗ при кој едно лице било повредено.

Пред седиштето на ИВЗ во моментов е мирно, во зградата се приврзаници на Шабани и Тахири, а пред објектот има припадници на полицијата.

 

Слични содржини