Најмалку четири лица се уапсени во судирите меѓу полицијата и бегалците кои избувнаа денеска попладне во бегалски центар во глвниот град на Германија.

tocka-175375

Инцидентот започнал во ред за дистрибуција за храна на поранешниот аеродром во Темпехлоф кое што сега служи како прифатилиште за бегалци. Околу 500 бегалци морале да избегаат од сместувалиштето поради страв и паника.

Според берлинската полиција се работи за трет инцидент во Берлин за помалку од 24 часа часа во кој се инволвирани мигранти. Претходно дошло до жестока тепачка меѓу бегалци од различна националност во берлинската населба Шпандау каде што мигрантите во пресметката користеле и апарати за гаснење пожар. Во овој инцидент се повредени неколку лица, направена е и голема материјална штета но никој не е во животна опасност.

Третиот инцидент се случил во населбата Кројцберг каде што 18 годишник со ремен нападнал една година помлад бегалец.

Во друг инцидент во источната покраина Саксонија – Аншталт ноќеска дошло до тепачка меѓу сириски бегалци во која се повредени пет лица.

Вакви и слични инциденти зачестија со зголемиот број на бегалци кој што пристугнува во Германија оваа година. Во земјата во 2015 година ќе пристигнат вкупно еден милион мигранти а досега се забележани околу 600 инциденти во кои учествувале или жртви биле бегалци.

Германските власти предходно го одбија барањето на полицискиот синдикат кој побара бегалците да биде поделени според религијата и земјата на потекло за да се намали можноста од конфликти межу нив./МИА

Слични содржини