Јаневски: Условите беа катастрофални, но ние не одигравме добро

од desk4

Тренерот на Вардар Чедомир Јаневски оправдување за денешниот пораз од Победа најде во лошиот терен на стадионот „Могила“ во Прилеп.

– Ако ја преземав вината со Реал Сосиедад, денеска не можам ништо да преземам. Теренот е терен, условите се тие, можам да кажам катастрофални за македонски фудбал. Тие се условите за двете екипи, и тоа треба да видиме кој решава на вакви терени. Овој терен и овој стадион не е за прволигашки натпревар. Тоа е прво. Второ, кога знаеме дека е така, и доколку играчите знаат дека се вакви условите, и дека не можат да играат на ваков терен, тогаш треба да има дуел барем игра и да создаваме шанси, да го тераме противникот да греши, изјави Јаневски за клупскиот сајт на Вардар.

Денеска го немавме тоа. Го сменивме тимот од оној со Реал Сосиедад, и заморот не треба да биде оправдување. Ова треба да ни биде поука дека и на вакви терени мора да се издигнуваме. Затоа што нема да биде тука ваков, туку на многу гостувања. Плус денеска и многу прекини, многу лежења на противнички играчи. Тоа ни се повторува на сите натпревари, кога ќе излеземе во напад, секогаш има некој играч кој што лежи, и мораш да имаш фер-плеј, а така губиш и време и темпо, додаде Јаневски.

Вардар попладнево загуби од Победа со 1:0 и го зголеми заостанувањето зад лидерот Шкендија кое сега изнесува девет бода, но „црвено-црните“ имаат и два натпревара помалку.

Слични содржини