Кабо Полониум е мало село со плажа кое се наоѓа на врвот на еден рид, кој се ноѓа во Атлантскиот Океан на источното крајбрежје на Уругвај .56e2482ab6bcd9d18f9219cf0f848085

Тука живее голема колонија од морски лавови, а светилникот е единствената структура во целото село, која е поврзана со електричната мрежа. Ниту една од куќите тука нема струја и вода, ниту пак канализација или телефонска мрежа.

Само неколку претпријатија и куќи имаат генератори или соларни панели, или ја користат енергијата на ветерот. Свежата вода пак се добива само преку собирање на дождовница.

Селото е доста изолирано од остатокот на земјата преку широки песочни дини. Таа се наоѓа на околу 7 километри од главниот пат, но до него нема никакви асфалтирани патишта и единствениот начин да го достигнете, е преку одење на плажа или со возило 4х4.

Инаку селото има убава глетка со мирни води и ситен песок.

Кабо Полониум е омилена дестинација на љубителите на дивината, како и на научниците кои бараат китови и фоки.

Во екот на летото (во јануари) тоа тивко место се претвора во една популарна туристичка дестинација во Уругвај, преферирана претежно од хипиците.7df9be29dc83898d472652b4fe37c87e ddb3ae82bcabe02e29fcf893bf190b43 d3aa668ad67dab06801444a490524eb7 f9ded368708331d197ecbc765eaa337b 47afe16f7020e68eeefa5e68ac7826c9 35bff0afd9ff5ec1ccda90123ef135c9 9300028f59167c0826b04cfe17c535f8 c1eea5ef96c38f67e6b5b6d947e5b80d 702deb4b5c5c6a45a35a5d05388bfe36 d0fdd8d5f15efa3986f5ef5846fd1018 (1)

Слични содржини