Светот е толку разнобоен, шарен и интересен што дури и човек да можеше да патува постојано во текот на целиот свој живот, тој немаше да може да го види секое место и да допре до секоја култура.3a7a29d8b8a236391ee4790b3a719e37

Во Амазонија и во Африка , на пример, сè уште живеат племиња, кои се исклучително изолирани и за кои времето како да застанало, инаетејќи се на глобализацијата и модернизацијата на нашиот свет. Во Монголија пак живеат цаатан или кажано на друг начин – еленскиот народ .

Ова се последните пастири на елени кои живеат во најдалечната субарктична тајга во Монголија . Денес се останати мал број претставници на оваа заедница (бројноста им варира помеѓу 200 и 400 луѓе), што ги прави цаатан исклучителни.

Затоа професорот од Харвард Хамид Сардар-Афками одлучил да го посети еленскиот народ и да го фотографира нивниот уникатен начин на живот .

Луѓето  припитомуваат елени , и ги користат за транспорт, млеко, сирење, кожи и друго. Ловот за нив сепак не претставува интерес.

Фото: Hamid Sardar-Afkhami

Не се знае уште колку години цаатан ќе постојат, бидејќи претставниците на оваа заедница , како и стадата елени, опасно се намалуваат . Во моментов главен извор на приходи за еленскиот народ се туристите кои купуваат нивни сувенири или пак јаваат ирваси .

Во нашата галерија може да се допре до мал дел од една друга реалност – секојдневието на цаатан во Монголија.02a64664f45e148d550ef63d7b99fb37 51c886eee01f6bbc1d779cac94bf9f7b 3c8fda1d4fc37ff0f9747fc376214996 953c2b81cbaf106e131e57d2f4c79d0a d4ccb25624a95e223d443f68fa6bf8a0 19b4f48813c3a6361a9be2ef210168f8 36982340f7cede7663dc416ede669550 ec2bdba43c7ed33554545f25672a61dc 8121811b0289284234f169a94e6d7011

Слични содржини