Карл Лагерфелд никогаш немал секс со своето момче, но бескрајно го сакал

од desk2

Карл Лагерфелд, германскиот моден креатор, ретко раскажува за својот љубовен живот, но во книгата “Jacques de Bascher, dandy de l’ombre” проговори за своето поранешно момче Жак де Башер.


Се работи за Французин познат по својот раскалашан живот, развратни забави, елеганција и остриот јазик. Лагерфелд тврди дека никогаш немале сексуални односи иако во текот на 70-тите и 80-тите беа заедно 18 години.

„Бескрајно го сакав тоа момче, но немавме физички контакт“, вели Лагерфелд.

Директорот на „Шанел“ му остана верен на своето момче, покрај аферата што тој ја имаше со Ив Сент Лорен. Жак почина во 1989 година на 38 години од СИДА, а Лагерфелд спише покрај неговиот болнички кревет.
Лагерфелд бил привлечен од неговата дива природа и декаденција. Тие двајца беа потполно различни.

„Секако дека знаев за неговата врска со Сент Лорен, Ив ми беше близок пријател повеќе од 20 години. Пјер, долгогодишниот партнер на Ив, измисли приказна дека јас стојам зад таа афера за да ја дестабилизирам модната куќа Сент Лорен“, вели Лагерфелд.


Иако бил свесен за дивата страна на Жак, замижа не неговиот промискуитет и перверзните тенденции кои вклучуваат и заклучување на Сент Лорен во ормар, што било дел од нивните сексуални игри.

„Сакав да ја видам неговата добра страна. Не бев свесен за она што беше во сенка. Секогаш ми кажуваше за тоа што го направил додека не сум тука, а јас никогаш не поставував прашања“, вели Лагерфелд.

Слични содржини