Ќе има ли мандат – гаранцијата запна околу т.н. Тиранска платформа?

од Vladimir Zorba
Нова верзија на гаранцијата што треба на Иванов да му ја гарантира унитарноста за да го додели мандатот е на маса, информира ТВ24.
Извори за телевизијата велат дека таа може да биде финална доколку за неа позитивно се изјасни Иванов.
Но, доколку  е неприфатлива повторно за шефот на државата, тогаш консултациите меѓу двата кабинета ќе продолжат, иако рокот истекува.
Шефот на државата в четврток вечер патува  еден ден пред  да истече рокот за доделување на мандатот.
Извори од претседателската вила велат дека работата кај последната верзија запнала околу инсистирањето на Иванов во гаранцијата да стои и откажување од т.н Тиранска палтформа што  било неприфатливо за социјалдемократите , бидејќи повториле дека таква платформа нема. Сепак што, колку и каде конкретно е заглавен текстот и дали може да ссе очекува договор никој не сака да прогнозира. Официјално од кабинетот на Иванов молчат.
Од Бихаќчка само повторуваат дека Иванов има доволно аргументи да го даде мандатот.
 Детали не сакаат да кажат ниту од коалициските партнери на Заев. Од ДУИ го повторуваат ставот дека тие дале поддршка и дека Ахмети е подготвен да се потпише на гаранцијата. Од Беса и од Алијансата веќе се оградија од потписи на гаранцијата.  Мнозинството повеќе пати досега повтори дека, ако Иванов не го даде мандатот, мнозинството ќе избере влада во Ссбранието, тоа е пораката и од првиот човек на Собранието, Талат Џафери./извор ТВ24

Слични содржини