Ким Кардашијан се обратила за помош кај Џесика Симпсон. 34-годишната риалити ѕвезда барала совети од русокосата за тоа како да остане во форма за време на втората бременост. Според Ким, Џесика, која има 2-годишна ќерка и 20-месечен син од нејзиниот сопруг Ерик Џонсон, била експерт за диетите и можела да ѝ помогне да ја контролира тежината.4f330d4d253875d036d1e1fd90b6794d

“Ким постојано се советува со Џесика Симпсон за тоа како да остане во форма за време на оваа бременост. Пејачката веќе има искуство, бидејќи со своето прво бебе се напумпа како балон, но вториот пат успеа да се справи успешно со тежината “, призна извор пред Ok !.

Кардашијан е во почетокот на бременоста, но веќе ги презема сите мерки, за да не се здебели драматично. Таа најмила нутриционист, кој ќе се грижи за менито, исто така не сака да се откаже од движењето.

“Кание дефинитивно го охрабрува нивното пријателство. Тој гледа многу заедничко помеѓу Ким и Џес – од модата до реалното шоу – и смета дека пријателството ќе биде многу плодно “, додаде изворот.

Слични содржини