Ким Џонг-ун: Трамп скапо ќе плати за својот говор

од Vladimir Zorba

  Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се закани дека американскиот претседател „скапо ќе плати“ поради неговиот говор пред Генералното собрание на ОН, во кој тој се закани со „целосно уништување“ на Севрена Кореја.

Како што јавија севернокорејските медиуми, Ким најавил дека Пјонгјанг ќе разгледа воведување на „досега највисоко ниво на строги контрамерки во историјата“ кон САД.

Ким го нарекол Трамп „умоболен“, а неговите изјави ги оквалификувал како „најжестока објава на војна во историјата“.

– Неговите забелешки не ме заплашија или запреа, туку ме уверија дека го избрав вистинскиот пат и дека морам да одам по него до крајот, Како човек кој ја претставува Демократска Народна Републкика Кореја и во името на честа и достоинството на мојата земја, како и во мое сопствено име, ќе сторам се човекот кој е во својство на врховен командант на САД скапо да плати за својот говор, порачал Ким.

Претходно Министерот за надворешни работи на Северна Кореја ри Јонг Хоу игнорирајќи ги  последните закани на Доналд Трамп, ги нарече  “лаење на куче” и препорача на Пјонгјанг да не потклекнува на агресивната реторика на американскиот претседател.

Слични содржини