Ким Кардашијан била следена пред вооружениот грабеж

од desk2

Ким Кардашијан била следена од двајца мажи, неколку дена пред да се случи застрашувачкиот грабеж во кој и беше украден накитот вреден неколку милиони долари, соопштуваат извори блиски на француската полиција.38eed8f400000578-3821375-image-m-27_1475582707140

Двајцата мажи се претставувале како обичен полицаец и фотограф, за да добијат значајни информации за спроведување на грабежот.

Мажите, кои зборувале со француски акцент се верува дека се осомничени за мулти-милионскиот грабеж во кој Ким Кардашијан молела за нејзиниот живот откако и впериле пиштол во нејзината глава.3917ce6700000578-3821375-image-m-7_1475586748256

Наводно не постои снимка од ограбувачите, како провалуваат ниту како бегаат од хотелот, за кој се зборува дека е често посетуван од славни личности како Леонардо Дикаприо, Мадона и Џеј Зи.

Едниот од нив се однесувал многу сомнително кога се придружил на групата папараци за да добие “внатрешни” информации за движењето на ѕвездата, додека пак другиот наводно се претставил како полицаец за да може да добие пристап до нејзе кога била во ресторан.390e95bb00000578-3821375-kim_kardashian_feared_she_was_going_to_be_raped_when_five_masked-a-5_1475589093361

“Ким Кардашијан била следена, најмалку 3 дена пред кражбата. Знаеме дека едниот човек кој се преправал дека е фотограф, ја следел риалити ѕвездата на мотоцикл за да го дознае нејзиното место на престојување. Другиот човек се преправал дека е обичен полицаец за да може да седне блиску до нејзе во ексклузивниот ресторан “Ferdi”, во вторникот вечерта.

Во моментов, полицијата ги гони двајцата мажи за кои се верува дка се дел од “софистицирана меѓународна криминална организација.” изјавуваат изворите.390e95bb00000578-3821375-kim_kardashian_feared_she_was_going_to_be_raped_when_five_masked-a-5_1475589093361

Слични содржини