Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

од Vladimir Zorba

 

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја исфрли облеката креирана од Иванка Транп од своите продавници, нејзините колекции се продаваат под друго име и со попуст.

Иванка, на републиканската национална конвенција во Кливленд изјави дека носи облека од сопствената линија, а следното утро нејзиниот розов фустан од 139 долари се распродаде во кус рок. Но, како што Ивака стануваше се порелевантна и откако доби сопствена канцеларија во Белата куќа, облеката која таа ја креираше стануваше се понепожелна.

Бизнис Фешн објави дека синџирот продавници Стеин Март колекциите на Иванка ги продава под името Адриан Витадин Студио. Тие дополнуваат дека американскиот закон дозволува замена на етикети на текстилните производи се додека компанијата која ја извршила замената се наведува на новата етикета.

Компанијата која има право на производство и дистрибуција на колекциите креирани од Иванка Трамп призна дека Стеин Март ја продала без нејзино знаење.

Слични содржини