Кралицата Елизабета и принцот Филип одбележуваат 70 години брак, колку навистина се блиски?

од desk2

Британската кралица Елизабета, која владее со Обединетото Кралство и дел од земјите од Комонвелтот, веќе 65 години, в понеделник ќе прослави 70 години брак со принцот Филип, војводата од Единбург.

Додека се уште беше британската престолонаследничка, тогашната принцеза Елизабета од Велс, се омажи за морнарскиот офицер Филип Маунтбатен во лондонската Вестминстерска опатија на 20 ноември 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна.

Ти имаат три сина и една ќерка.

Седумдесет години после таа раскошна венчавка, кралицата Елизабета и нејзиниот 96 годишен сопруг ќе прослават 70 годишнина од брак во семејниот круг во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми. Како што е најавено, нема да има јавно одбележување.

Принцот Филип има кралско “педигре“ и без Елизабета. Неговиот дедо од страната на татко му, бил грчки, а од страната на мајка му дански крал. Роден е на Крф 1921 година, но семејството му било протерано од Грција, додека бил дете и се населиле во Британија. Елизабета во своето 65 годишно владеење, најдолго во британската историја, беше главна потпора.

Тој во 1952 година и соопштил дека нејзиниот татко починал и оти станала кралица. „Една од тајните на овој многу, многу долг брак, е фактот дека Филип секогаш сметал како должност да ја подржува кралицата, да и помага како може и умее“ – изјавил за „Ројтерс“ историчарот Хуго Викерс. „Тој е единствената личност која на кралицата може директно да и рече што мисли, и тоа со речникот кој сам ќе го одбере“. Идниот брачен пар прв пат се сретнал на венчавката на роднината на Филип, грчката принцеза Марина и вујкото на Елизабета, војводата од Кент. Идната кралица тогаш била уште девојка.

Години подоцна почнале поинтензивно да се дружат, а свршувачката ја објавија во јули 1947 година. Четири месеци подоцна одржана е и венчавката, а бидејќи Британија се уште се опоравувала од војната, раскошната церемонија била во остра спротивност со тогашното британско секојдневие.

И додека венчавката на нејзиниот внук Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година во телевизискиот пренос го следеа 2 милијарди луѓе, свеченоста на Елизабета ја прателе само 200 милиони радиски слушатели, иако дел од венчавката е снимен на црно-бел филм. Иако како и сите брачни парови имаа добри и лоши моменти, Елизабета и Филип успеаа да ги избегнат неприликите какви што нивните три од четири деца ги доведоа до развод на браковите. Најпознатиот меѓу нив е оној на принцот Чарлс и принцезата Дајана.

„Тој беше мојата сила и потпора сите овие години“ – изјави кралицата Елизабета во редок говор за Филип по повод 50 годишнината од бракот.

Принцот Филип, кој во последно време има нарушено здравје, во август се повлече од сите јавни должности. „Без него кралицата би имала тежок и осамен живот. Тој беше нејзината сила од моментот на стапнувањето на тронот“ – изјави Клаудија Џосеп, биограф на кралското семејство.

Слични содржини